Инфлацијата во Европската унија благо забрзала во октомври, објави во вторникот европската статистичка служба, потврдувајќи ја во исто време прелиминарната проценка за еврозоната која покажува и посилен раст на потрошувачките цени.
На ниво на целата ЕУ, годишната стапка на инфлација, мерена преку усогласениот индекс на потрошувачки цени (HIPC), кој овозможува споредба меѓу земјите-членки, во октомври се зголемила на 2,3 отсто, од 2,1 отсто во претходниот месец.
Во еврозоната цените во октомври биле за 2 отсто повисоки во однос на истиот месец лани, ја потврди прелиминарната проценка објавена на крајот на октомври Eurostat. Во септември беа зголемени за 1,7 отсто.
Во октомври минатата година годишната стапка на инфлација во ЕУ изнесуваше 3,6 отсто, а во еврозоната 2,9 отсто, покажуваат табелите на Eurostat.
Во октомври цената на услугите пораснала најмногу во еврозоната, за 4 отсто во однос на ланскиот октомври. Во септември поскапеа за 3,9 отсто.
Потоа следува свежата храна која поскапела за 3 отсто, речиси двојно повеќе од септември.
Енергенсите најмногу поевтиниле, за 4,6 отсто во однос на истиот месец лани, иако многу поблагo од септември, кога на годишно ниво поевтини за 6,1 отсто.
Базичната инфлација, кога ќе се исклучат цените на енергијата и свежата храна, се задржала на септемвриското ниво и изнесува 2,7 отсто.
На месечно ниво, потрошувачките цени во ЕУ се зголемени за 0,4 отсто, а во еврозоната за 0,3 отсто, покажуваат табелите на Европската статистичка служба.
Убедливо највисока годишна стапка на инфлација во ЕУ во октомври забележала и Романија, од 5 проценти, што ја потврдува позицијата на земјата со највисока стапка на инфлација во ЕУ, која ја „држи“ од крајот на минатата година.
Следат Белгија и Естонија, со раст на потрошувачките цени на годишно ниво со стапка од 4,5 отсто, објави Евростат.
Според новите пресметки на Eurostat, потрошувачките цени во Хрватска која од почетокот на годинава стана последната членка на еврозината, мерени со HICP, во октомври биле за 3,6 отсто повисоки во однос на истиот месец лани, што би значело дека тие пораснале најсилно од мај. Прелиминарната проценка покажа дека тие се зголемени за 3,5 отсто. Во септември тие се зголемија за 3,1 отсто, утврди Eurostat.
Словачка беше најблиску до Хрватска по годишен раст на цените во октомври, со стапка на инфлација од 3,5 отсто.
Годишната споредба покажува и дека потрошувачките цени во Словенија се непроменети на годишна основа во октомври. Убедливо најблаги зголемувања имало во Литванија и Ирска, за само 0,1 отсто, според извештајот.