Совршено печените компири во рерна се извор на многу кулинарски фрустрации.
Повеќето сакаат крцкави компири со мека внатрешност кои првокрцкаат, па се топат во уста. Но, тоа не е лесно да се постигне. Сепак, постојат две работи кои можат да ви помогнат во ова.
1.Компирите секогаш се сечат на приближно еднакви парчиња за да бидат термички обработени во исто време.
2.Не преполнувајте го плехот со компири, бидејќи нема да се испечат добро сите парчиња.
3.Исто така, пожелно е да се стават компирите да се варат и полусварени да се стават во рерна.
Професионалните готвачи тврдат дека компирот ќе биде покрцкав ако прво делумно го сварите во алкална вода, поточно во вода во која сте додале една лажица сода бикарбона.
Што треба да направите?
Компирите исчистете ги, излупете ги и исечете ги на коцки со иста големина. Ставете ги во посолена загреана вода во тенџере во кое сте додале една лажица сода бикарбона или околу 4 грама. Една лажица сода бикарбона е доволна за два литра вода и два килограми компири.
Кога водата ќе зоврие, варете ги компирите десет минути.
Додека се варат компирите, во друго тенџере загрејте ја маснотијата со која ќе печете, помешана со зачини. Загрејте ја маснотијата, како растително масло, на ниска температура и додадете гранчиња рузмарин, неколку чешниња лук и малку бибер.
Оставете ги зачините да ја испуштат својата арома во маснотијата. Кога ќе бидете задоволни со вкусот, процедете ги зачините од маслото и оставете го на страна.
Кога компирите се полусварени, добро исцедете ги, измешајте ги со ароматичното масло и ставете ги во загреана рерна на 200 степени Целзиусови.
Печете ги околу еден час или додека не станат крцкави. На половина од печењето, протресете ги и превртете ги.