Сигурно имате барем еден костим за капење што не го носите бидејќи ја изгубил првобитната боја. За ова, најчесто виновен е начинот на перење.
Па, како правилно да го исперете костимот за капење?
Исперете го веднаш после користење
Дури и ако само сте се сончале, кога ќе се вратите од плажа или базен, веднаш исперете го костимот. Кремите за сончање можат да ја оштетат ткаенината и да направат дамки, па важно е да ги отстраните.
Ако сте биле во базен, пак, хлорот дополнително ќе го оштети костимот.
Перете го на рака со нежен детергент
Никогаш немојте да го перете костимот во машина и секогаш користете детергент за деликатна ткаенина.
Како да го исперете?
Наполнете го мијалникот или една кофа со студена вода и додајте малку прашок или вински оцет.
Оставете го костимот во вода 30-тина минути, а потоа исплакнете го со ладна вода.
Немојте да го цедите костимот со силни стискања, бидејќи можете да ја оштетите ткаенината, но и да го растегнете. На крај, оставете го да се суши под сенка – сончевите зраци можат да предизвикаат дополнително оштетување.