На Христијан Мицкоски му се развива најлошото можно сценарио, а тоа е да мора да ги притиска членовите на партијата со која раководи, ВМРО-ДПМНЕ да му даваат отворена поддршка во војната која сам ја започна со екс-премиерот Никола Груевски бидејќи очигледно истата ја губи на сите фронтови.
Како што и претходно објавивме од моментот кога Христијан Мицкоски директно го нападна Никола Груевски во интервјуто за ФАЦ, следат партиски директиви во кои од истакнати, но и обични членови на ВМРО-ДПМНЕ се бара отворено да дадат поддршка за Христијан Мицкоски бидејќи Никола Груевски има далеку поголем рејтинг од актуелниот претседател на партијата во јавноста како што покажа и анкетата на ИРИ.
Екс премиерот Никола Груевски кој доби азил во Унгарија, како што покажа најновата анкета на ИРИ, сега е најпопуларниот политичар во Македонија. Има рејтинг од седум проценти. Зад него на листата се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ Али Ахмети со по шест проценти и премиерот Димитар Ковачевски со пет отсто.
Редакцијата на Инфомакс доби неколку фотографии во кои во детали се објаснува што се случува во ВМРО-ДПМНЕ во изминатите неколку денови.
Членовите на ВМРО-ДПМНЕ се опоменувани бидејќи лајкувале постови на Никола Груевски, но не на Христијан Мицкоски.
Членот на ВМРО-ДПМНЕ понатаму во детали посочува дека раководството на партијата е во паника и се организираат итни состаноци на Вибер за да се даде директива дека сите органи на партијата даваат безрезервна поддршка на Мицкоски.
Еден од најважните моменти е дека раководството на партијата е свесно дека во моментов не може да победи на избори, односно да направи Влада па целосно се има откажано од идејата за предвремени парламентарни избори која само декларативно ја промовира.
Реакцијата на мнозинството членови е дека во моментов раководството на партијата е одвратно поради подлите игри.
Вчера екс-премиерот имаше уште едно шокантно обраќање во кое го повтори ставот дека Мицкоски редовно комуницира и соработува со екс-премиерот Зоран Заев кој според него е главниот „џелат“ на ВМРО-ДПМНЕ.
Она што е интересно е фактот што ниту Мицкоски ниту Зоран Заев не го негираат фактот за заедничка соработка.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.