Костимите и бикините во боја на кожата изгледаат добро само на потемна кожа, па затоа подобро е нив да ги одложите за последните денови од одморот.
Црниот костим за капење ги крие недостатоците на телото, но е здодевен без некои спектакуларни додатоци. Во мода се и розовите бикини, но во нив девојките изгледаат како Барби кукли.
Како супермодел: Зошто дефинитивно ви е потребен црвен костим за капење?
Избирањето на вистинската боја на костим за капење може да биде тешка задача. Но, вистината е една: победник е црвениот костим за капење – тој може да биде во светло црвена, умерено црвена или во универзална нијанса на црвено (нијансите им одговараат и на русокосите и на бринетите).
Покрај тоа, црвениот костим за капење е класика, кој не излегува од мода. Во деведесеттите години, Синди Крафорд ги красеше насловните страници во црвени костими за капење. И денес, со истиот успех, тоа го прават супермоделите од новата генерација предводени од Каја Гербер, Тејлор Хил и Бела Хадид.
Во продолжение, погледнете како моделите носат црвени бикини и не плашете се да го следите нивниот пример.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.