Кога прво ќе помислите да јадете со раце, веројатно се плашите дека ќе изгледате некултурно.
Но, и за јадењето со раце, без прибор, има добри причини, посебно ако сакате да изгубите некој килограм.
1. Ќе избегнете прејадување, поради тоа што храната ја чувствувате со раце и знаете колкава количина внесувате, во зависност од тоа кога користите прибор, а ова може да доведе до слабеење.
2. Јадењето со раце ви создава илузија дека побрзо сте најадени, односно сити.
3. Самиот замор во рацете додека ја „пакувате“ храната за во уста, може да ви сигнализира дека веќепредолго јадете заради постојаното движење на рацете. Тоа чувство го немате со виљушка и нож.
4. Ако јадете со раце, автоматски хигиената на дланките ќе ви биде на повисоко ниво, бидејќи почесто ќе ги миете и дезинфицирате, нешто што некој може да го избегне ако јаде со прибор.
5. Јадењето со раце ја подобрува и циркулацијата на крвта заради движењата кои ги правите.
6. Тешко дека некогаш повторно ќе си го изгорите јазикот, бидејќи ќе ја знаете точната температура на храната.
7. Храната ќе ви има подобар вкус. Ова не е никако докажано, но допирот е уште едно сетило кое ја восприема храната и на тој начин делува повкусна.