Започна сезоната на јагоди кои најдобро е да се јадат свежи, но штета би било да не ги искористиме и за приготвување на највкусните торти и колачи.
Веруваме дека многумина од вас пробале слатко и џем од јагоди, но овојпат ви откриваме рецепт за фантастичен колач.
Подготовката е повеќе од едноставна и сигурно лесно ќе се снајдете, дури и доколку немате преголемо искуство во кујната. Голем плус е што овој колач не се пече, така што не е потребно да ја вклучувате рерната и ќе заштедите многу време.
Потребни состојки:
- 450 гр. јагоди
- 140 гр. шеќер
- 600 мл. млеко
- 50 гр. пченкарен скроб
- 20 гр. путер
Начин на подготовка:
1.Измешајте 250 гр. јагоди со 80 гр. шеќер и изблендирајте ги или иситнете ги со миксер.
2.Потоа ставете го млекото, промешајте, па процедете.
3.Во смесата додајте скроб и ставете ја на оган да се вари. Постојано мешајте додека смесата не се згусне.
4.Префрлете ја во огноотпорен сад и оставете ја половина час во фрижидер.
5.За тоа време, исечкајте ги преостанатите јагоди, а путерот измешајте го со 60 гр. шеќер и ставете го на оган да се истопи.
6.Потоа додајте ги исечканите јагоди во него и гответе уште малку, постојано мешајќи.
7.Ставете ги јагодите врз филот и оставете го колачот уште еден час во фрижидер за да се стегне.