Колачиња со чоколади и бадеми на кои е тешко да им одолеете

Потребни состојки:
200 грама брашно
1 кафена лажичка прашок за печиво
1/4 кафена лажичка сол
125 грама путер
80 грама кафеав шеќер
80 грама бел шеќер
1 јајце
200 грама црна чоколада
100 грама сирови бадеми
Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната на 180 степени.Додека се загрее, почнете да ја подготвувате смесата за колачињата.Иситнете ги грубо, со нож, чоколадото и бадемите.Направете го тоа одвоено, па потоа спојте ги. Во сад со средна големина сипете брашно и прашок за печиво, измешајте, па додајте и сол.Путерот стопете го на тивок оган, па префрлете го друг сад, односно онаму каде што ќе го правите тестото.

Додајте ги двете видови шеќер и соединете ги состојките со миксер.Потоа додајте ги и јајцата и добро изматете.Следната состојка е брашното. Додајте го во садот, па матете додека не се соединат сите состојки.На крај додајте ги и чоколадото и бадемите. Смесата распоредете ја во тава на која претходно ќе ставите хартија за печење.Можете да користите и обична лажица или лажица за сладолед како мерка.Внимавајте само да оставите доволно простор меѓу колачињата за да не се спојат.Кога ќе ги наредите, ставете ги во рерната и печете 10-13 минути. Прилагодете го времето според вашата рерна.Колачињата се готови кога ќе добијат боја по рабовите. Оставете ги да се подоладат и потоа послужете ги.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.