Колку долго може да стои руската салата во фрижидер?

Богата велигденска трпеза тешко може да помине без омилената руска салата. Комбинацијата од мајонез, шунка, јајца може да биде рај за вашите непца, но и голем проблем за дигестивниот тракт, доколку е расипана.

Деновиве многу луѓе се прашуваат дали можат да го користат овој вкусен деликатес уште неколку дена. Во зависност од тоа како сте ја чувале сите овие денови, руската салата може да издржи 2, 3, 4 или дури 5 дена, а после тоа е време да ја фрлите.
Мајонезот е многу расиплива намирница, а во контакт со други состојки се јавува реакција доколку вашата салата не е постојано во фрижидер.

Како знаете дека руската салата е расипана?
Ако кога ќе јс промешате почнат да се создаваат меурчиња и да се пени, дефинитивно е расипана.
Ваквата храна предизвикува труење, а во најтешките облици покрај повраќање и стомачни болки може да дојде и до дехидрација и компликации. Затоа е најдобро да не ризикувате, штом забележите дека капе, се пени или ја променил бојата – фрлете ја во ѓубре.

Дополнителен совет кој ќе го продолжи нејзиниот рок на траење:
Руската салата секогаш треба да се чува во фрижидер во сад кој добро се затвора, за да не може да навлезат воздух и микроорганизми. Некаде ќе прочитате дека рокот на траење е пет дена, но ве советуваме да ја чувате на температура од околу 4 Целзиусови степени и да ја јадете во рок од три дена, за да биде целосно безбедна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.