Колку се штетни високите потпетици?

Сакате ли да носите високи потпетици? Вистина е дека ногата во нив поубаво изгледа, но најновите истражувања откриваат дека цената на таа убавина сепак е превисока.
По еден час, шест минути и 48 секунди носење на високи потпетици, нозете почнуваат да болат. За 20 отсто чуствителни жени таа болка доаѓа многу порано, поточно околу десет минути после носењето, открива најновото истражување.
Повеќе од третина од испитаничките изјавиле дека во текот на ноќните излегувања нозете толку болат што дома се враќале боси.


Истражувањето на Колеџот од Подиатри во кое учествувале повеќе од две илјади луѓе, се укажува на тоа дека високите потпетици се поштетни отколку што се мислело.
Ортопоедот, Мике О’Неил предупредува дека ситуацијата дополнително се влошува бидејќи многу жени носи чевли помал број што пак доведува до сериозни оштетувања на коските и нервите.
-Апсолутно нема сомнение дека жените поради високите потпетици го загрозуваат своето здравје и тоа во име на модата. Кога би требало да избираат меѓу модерните потпетици или здрави и убави нозе, многу од жените би ги одбрале потпетиците, истакна О’Неил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.