Свеж и без адитиви, сокот од домати е одличен извор на витамините А и Ц, па поволно делува на имунитетот, здравјето на забите и коските. Богат е со витамин Б6, за кој се верува дека го разградува хомоцистеинот, аминокиселина која ги оштетува крвните садови.
Нутриционистите советуваат дека е најздраво кога е подготвен дома, бидејќи купечкиот може да содржи дополнителни шеќери кои ги намалуваат неговите корисни својства.
„Ова е најдобриот сок за негување на срцевиот мускул. Корисен е за деца, жени и мажи од сите возрасти. Нискиот гликемиски индекс автоматски го става сокот од домати на листата на намирници за дијабетичари“, тврди нутриционистката Елена Мојсева и истакнува дека неговите предности се ниската калорична содржина и високата содржина на калиум.
„Сепак, во некои случаи, сокот од домати може да направи повеќе штета отколку корист. Особено кај акутен панкреатит и гастритис. Покрај тоа, консумирањето на скробна храна како компири, ориз и леб може да доведе до формирање на камења во бубрезите“, додаде таа и истакна дека во случаи кога нема контраиндикации, најдобро е овој сок да се пие половина час пред јадење.