КРЦКАВО ПИКАНТНО ПИЛЕШКО! Фантастичен вкус!

Никој не може да одолее на поховано пилешко
Овој рецепт за пилешко е малку поинаков! Додадете малку мелена лута пиперка за позачинет вкус.
СОСТОЈКИ:
килограм пилешко филе
три поголеми јајца
лажичка куркума
половина лажичка кари мешавина
200 гр пченкарно брашно
200 гр корнфлекс
сончогледово масло
малку мелена лута пиперка
сол, бибер, зачини
ПОДГОТОВКА:
Измијте го пилешкото, исушете го, па исечете го на парчиња. Грубо исечкајте ги корнфлексите, па префрлете ги во соодветен сад. Во вториот сад измешајте пченкарно брашно, куркума, кари мешавина од зачини, мелена лута пиперка, сол и бибер, а во третиот изматете ги јајцата. Месото валкајте го прво во мешавина од брашно и зачини, па во изматени јајца и на крај во крупно исечкани корнфлекс, па пржете на врело масло додека месото добие убава боја од сите страни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.