Таа е една од најоговараните личности на јавната сцена кај нас. Како што изјави во една прилика што и да направи јавноста има коментар за тоа.
Во емисијата „Нешто Конкретно“ Агнеса откри дека кога била малку пополна во пораки на Инстаграм граѓаните ѝ пишувале дека е дебела, а сега откако ослабнала затоа што сакала ѝ пишувале дека е премногу слаба и дека и вака не е убава….
Како велат: „учињата лаат, караванот си врви“. Па така Агнеса Органџиева необрнувајќи внимание на коментарите и муабетите од ден на ден е сѐ поатрактивна и тоа гордо го покажува на своите социјални мрежи.
Овој пат во црн припиен фустан ја истакна својата фигура и убавото деколте.