Лила откри кој најмногу и помогнал во тешката борба: Имам дете за кое мора да живеам, таа мисла ме водеше до патот кон победата!

Популарната водителка Лила Филиповска пред неколку месеци си ја отвори душата и проговори за болеста со која се соочи и која успеа да ја победи.

Лила Филиповска е синоним за храбра жена, борбена, упорна, жена победник.

Иако водела битка со многу силен непријател, таа уште еднаш докажа дека не се откажува и дека упорноста води кон победа.
Долго време криеше дека имала канцер, но неодамна, откако извојува победа над болеста, таа одлучи да проговори и со својата приказна да биде пример за сите останати кои се соочуваат со истиот предизвик.

.-Болеста ми донесе мноу повеќе храброст за многу работи кои ми било страв порано да ги направам, штом го победив ова зло, можам да победам се и така и се чувствувам, посилно од било кога а секако и нов имиџ ми донесе, рече Лила во емисијата Ексклузив.

-Не сменив ништо од мојот начин на живот, освен малку да се одморам или да го успорам темпото. Јас не сакав да дозволам тоа да ми влијае. Тоа е човечки никој не е постојано позитивен, нормално е кај човек да имаш и вакви и такви чувства. Стравот е најголемиот непријател, за се не само за болестите. Тоа е нешто непостоечко, само во нашата глава. Едноставно е, кога не се чувствуваш добро, седиш дома, лежиш гледаш телевизија, кога ќе ти биде подобро ќе се вратиш, ќе работиш на себе, ќе си викаш добро да, не е лесно, не е едноставно ама што да правиме. Си го сакам животот, си ја сакам работата, имам дете за кое што треба да живеам така што мора така да се размислува.
-Добро знаеш дека генерално домашните миленици посебно машките многу чувствуваат, луѓето кои не чуваат домашно милениче нема да ме разберат, но јас велам како може Рагнар толку да сака без да каже ниту еден збор. На таква љубов која што ќе ти го стопли срцето, колку и да сум нервозна и тажна, само што ќе го видам како нешто прави, па ќе дојде ќе се галиме, ќе ме изгребе, ќе заспие… Тој беше еден од моите лекови додека ми траеше лекувањето ако не и најважниот.
Лила изјави дека постои можност да издаде своја книга.

Лила откри кој најмногу и помогнал во тешката борба: Имам дете за кое мора да живеам, таа мисла ме водеше до патот кон победата!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.