По информациите дека Apple го намали бројот на нарачките на iPhone до крајот на годината, цената на акциите на оваа компанија падна под 400 долари.
Кога во септември вредноста на apple-овите акции надмина 700 долари аналитичарите одговорни за тој пазар прогнозираа раст на акциите на компанијата од преку 1000 долари, правејќи ја Apple вредна неверојатни милијарда долари.
Но, во истиот момент кога акциите ја премина вредноста од 700 долари, следеше голем пад кој во април падна и под 400 долари, за во двата изминати месеца да се движи помеѓу 400 и 450 долари. Во текот на вчерашниот ден за кратко повторно паднаа акциите под 400 долари, а многу инвеститори се загрижија за идните приходи и соработката со Apple, кој постави високи стандарди и очекувања во изминатите години, но кои се потешко ги оправдуваат.
Причината за падот на цените според аналитички истражувања бил падот на нарачки кој компанијата го планира за третиот квартал од оваа година. Тие тогаш планираат смалување на производството на iPhone од предвидените 40-45 милиони на 25-30 милиони. А, исто така во последните три месеци од годината планираат пад на производството од 60-65 милиони телефони на 50-55 милиони. Ова предизвика многу инвеститори да заминат од Apple во компаниите кои се во постојан подем. По информациите дека Apple го намали бројот на нарачките на iPhone до крајот на годината, цената на акциите на оваа ко