Секојдневното средување на ноктите понекогаш знае да биде напорно и фрустрирачки. Меѓутоа постојат трикови кои можат да ви помогнат околу тоа што подолго да го задржите лакот на ноктите.
Средувањето на нокти честопати знае да не замори, со оглед на тоа што не постои лак кој успева да се спротистави на чистењето на куќата или миењето на чинии. Сепак, постојат трикови кои можат да помогнат околу тоа маникирот да се задржи на вашите нокти што подолго. Повеќе нема да морате да мислите на ноктите по цел ден и да се заморувате со секојдневно лакирање.
Еве што се би требало да направите за да ја зачувате убавината на вашите раце и нокти што подолго:
Внимавајте на изборот за нега
Ноктите побрзо ќе пукнат ако се дехидрирани и ако заборавите да ги негувате. За лакот подолго да трае, негувајте ги вашите нокти со природни средства како што е маслото. Мирисите кои се наоѓаат во кремите за раце можат да предизвикаат пукање на лакот.
Водата е непријател на маникирот
При миењето на садови или облека ставете гумени ракавици, а по миењето обавезно намачкајте ги рацете со масло. За да би „дишеле“ ноктите, избришете го лакот и направете пауза од пет дена до сленото нанесување на лак на ноктите.
Обликот на ноктите го спречува двоењето на ноктите
Доколку ноктите се пократки, веројатноста за пукање и двоење е помала па со самото тоа ноктите ќе изгледаат поубави и средени. Оптималната должина е онаа која малку го надминува врвот на јагодиците. Исто така е важен и обликот – ноктите треба да бидат округли, со нежно коцкасти ивици.
Четка за правилно чистење
Површината на ноктот пред лакирањето мора да биде чиста. Капнете малку течен сапун на четка за заби и нежно поминте преку ноктите, околу нив и под нив. Така ќе ги отстраните сите нечистотии и маснотии.Секојдневното средување на ноктите понекогаш знае да биде напорно и фрустрирачки. Меѓутоа постојат трикови кои можат д