Мбапе (пре)брзо заздраве – ќе биде во тимот за Баерн Минхен

Иако првично беше најавено дека Килијан Мбапе ќе го прескокне првиот осминафинален меч со Баерн Минхен, утревечер од 21 часот на „Паркот на принцовите“, кризата во францускиот тим го натера тренерот Криштоф Галтие да го стави во конкуренција за настап крилниот фудбалер.

ПСЖ влезе во криза пред стартот на ЛШ, што го вклучи алармот во Париз, па Галтие нема друг избор освен да го вметне Мбапе во конкуренција, а веројатно и да го стави во првите 11 за мечот. Првичната дијагноза беше дека ќе паузира три недели, но вчера француската суперѕвезда се врати на тренинг.

Пронајдете не на следниве мрежи: