МВР: “Кривична пријава за шест лица осомничени за лихварство“

СВР Куманово поднесе кривична пријава против шест лица осомничени за „злосторничко здружување“, „лихварство“, „изнуда“, „незаконито влијание врз сведоци“ и „помагање“. Според МВР, со сериозни закани и присила присвојувале за себе значителна имотна корист дури и кога оштетените лица го вратиле долгот.

Експлозијата во дворот на Раде Штекли е снимена на безбедносна камера
Порталот 4 News објави видео материјал од моментите на експлодирањето бомба пред домот на Раде Трајковски Штекли. Пред неколку дена во дворот на Штекли беше фрлена бомба за која се …
Двајца повозрасни се степале во Ѓорче Петров – Ќе добијат соодветни пријави
На 16.11.2024 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.С.(64) и …

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, СВР Куманово поднеле кривична пријава против Д.П.(34) од Куманово, М.К.(24) од Куманово, Д.Н.(34) од Штип, Д.Т.(27) од Куманово, С.М.(51) од Куманово и С.Ѓ. од Куманово, поради постоење на основи на сомнение за повеќе кривични дела.

Според нив, првопријавениот ги сторил кривичните дела „злосторничко здружување“, „лихварство“, „изнуда“ и „незаконито влијание врз сведоци“, второпријавениот за кривичните дела „лихварство“ и „изнуда“ в.в чл.24, додека трето, четврто, петто и шестопријавениот за кривично дело „лихварство“ в.в „помагање“.

– Првопријавениот, откако создал и организирал група со намера за себе и за другите да прибави противправна имотна корист, искористувајќи им ја тешката имотна состојба на оштетени лица, со сериозни закани и присила присвојувал за себе и за групата значителна имотна корист. Во периодот од 2018 до 2023 година, првопријавениот незаконски давал позајмици на оштетени лица, преку префрлање на одредена сума на парични средства на оштетените или останатите пријавени ги префрлале паричните средства по насоки на првопријавениот, а потоа со присилба и изнуда барале од оштетените веднаш да ги подигнат паричните средства и половина од вредноста да ги дадат на пријавените, за потоа со несразмерна камата да ја враќаат позајмицата, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека откако оштетените не можеле да го вратат долгот, пријавените со присилба и закани барале да склучат купопродажни договори на нотар со оштетените за разни движни и недвижни ствари, како гаранции за заемите.

– Дури и во случаи кога оштетените лица го вратиле долгот, првопријавениот и останатите продолжувале со заканите, барајќи оштетените да го враќаат долгот со несразмерна камата и присилно, преку склучени договори на нотар, им биле префрлани движни и недвижни ствари како подарок, дополнуваат од од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.