МВР СО ДЕТАЛИ ЗА СИНОЌЕШНОТО УБИСТВО ВО СКОПЈЕ

Синоќа некаде околу 21: 35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачјето на Чаир, каде било паркирано патничко возило „фолксваген голф 7“, со скопски регистарски ознаки, а во кое биле возачот Л.П.(24) од Скопје и сопатникот К.И.(43) од Скопје, неколку лица со огнено оружје испукале проектили кон возилото.

К.И. починал на самото место, а Л.П. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото  извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а возилото е запечатено и пренесено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.