ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: На добар пат сме да решиме уште една дојава во Скопје

Денешните дојави во неколку училишта во Скопје, Тетово, Прилеп, Струга и Битола имаат специфики, кои ќе бидат анализирани од Одделот за кибер криминал, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на годишниот брифинг со новинарите.

„Во однос на дојавите за бомби кои беа во Делчево, веќе е во завршна фаза и се очекува за ден-два да се обезбедат доказите и да биде поднесена кривична пријава. На добар пат сме да решиме уште една дојава во Скопје која беше минатите денови и во моментов е во фаза на обработка“, рече Спасовски.

Тој повтори дека дојавите за експлозивни направи претставуваат хибриден напад, а според анализите, додаде, се покажало дека, од можните три нивоа за причините за хибридните напади, на прво место се геостратешите интереси кои, како што рече, се испреплетуваат во државава. Втората причина, според Спасовски, е од политички интереси, и третата – од авантуристички. Таков беше примерот со двајца малолетници – еден во Скопје и еден во Кавадарци, изјави министерот за внатрешни работи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.