Намирници кои ќе ве заштитат од грипови и настинки

Бидејќи студените денови доаѓаат со есента, многу е важно да се заштитиме и да го зајакнеме имунитетот, за да не се разболиме од разни настинки и вируси. Секако, најдобриот начин да го направите ова е преку храна, затоа не заборавајте да се обидете да ги вклучите овие намирници во вашата исхрана.

Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното
Загаденоста на воздухот вечерва во Македонија е на високо ниво, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk Дозволени според закон во Македонија …
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави денеска агенцијата на ОН за палестински …

Лук

Освен што им дава посебен вкус на вашите јадења, лукот содржи алицин кој, кога се распаѓа, произведува антиоксиданти. Тие ќе го заштитат вашиот имунолошки систем со спречување на оштетување на вашите клетки.

Јогурт

Јогуртот содржи различни култури кои се алтернатива на пробиотиците и се грижат за вашиот дигестивен систем. Ова е важно така што целата храна што ја консумирате е целосно сварена.

Чај

Постојат мноштво здравствени придобивки поврзани со конзумирање чај. На пример, чајот содржи многу важни антиоксиданси кои помагаат во зајакнување на имунитетот.

Темно чоколадо

Антиоксидансите во темното чоколадо можат да обезбедат дополнителна заштита на вашиот имунолошки систем. Чоколадите кои содржат повеќе какао се подобар избор бидејќи содржат и повеќе антиоксиданси, како и помалку шеќер.

Црвена пиперка

Малку е познато за фактот дека црвената пиперка содржи дури и двојно повеќе витамин Ц од лимонот. Значи, дефинитивно е добра идеја да престанете да земате додатоци во исхраната кои содржат витамин Ц и наместо тоа да јадете пиперки.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови содржат многу големи количини на витамин Е, кој делува како антиоксиданс и има антиинфламаторни својства, а истовремено го зајакнува имунитетот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.