Здравјето е нешто што го добиваме еднаш во нашите животи. Наша должност е да се грижиме за него уште од самото детство. Колку подобро се грижите за вашето здравје, толку посреќен, подолг и поактивен ќе биде вашиот живот. Во продолжение можете да ја тестирате староста на вашето тело, но и да погледнете неколку вежби што ќе ви го подобрат здравјето и животот.
Тестирајте ја староста на вашето тело
Направете неколку вежби за загревање за да ги подготвите вашите мускули. Потоа наведнете се нанапред и обидете се да го допрете подот со дланките. Нозете и грбот држете ги исправени. Запомнете до каде стигнале вашите дланки, а потоа исправете се.
20-25 години
Можете да го допрете подот со исправени нозе. Вашите мускули се релаксирани.
25-38 години
Можете да го допрете подот со врвовите на прстите и со малку свиткани колена. Но вежбата не ви предизвикува неудобност.
38-50 години
Со прстите можете да го допрете горниот дел на стапалата, вашите колена се свиткани, а мускулите ви се напнати. Сакате што побргу да се исправите.
ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 2 КАДЕ ШТО ЌЕ НАЈДЕТЕ МНОГУ КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ НА ОВАА ТЕМА ⬇⬇⬇⬇
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.