Најлесниот рецепт досега: Пица од тортиља, готова за само 10 минути

Ви се јаде пица, не сакате да порачате, а не сте расположени сами да си замесите тесто? Постои брз и лесен начин да ја исполните вашата желба – направете ја на тортиља.

Она што ви треба се тортиљи на кои ќе го ставите филот и сѐ заедно ќе испечете во рерна. Оваа генијална идеја ги воодушеви сите што ја имаат пробано. Ова е навистина најлесната и најбрзата пица што некогаш ќе ја направите.

Потребни состојки:
<

1 тортиља (интегрална или пченична)
доматно пире
моцарела
шунка
шампињони
свеж босилок
Подготовка:

На хартија за печење ставете една тортилја. Врз неа наредете го филот на класичен начин како со обична пица: прво доматниот сос, па моцарелата, потоа шунката и на крајот шампињоните. Состојките можете да ги менувате по ваш избор, може да комбинирате и со капери, црни маслинки, рукола, лук, инчуни и друго. Важно е само моцарелата (или било кој друг кашкавал) да ја ставите втора, односно по доматниот сос, а сѐ друго да биде над неа.

Се пече на 160°C околу 10 минути, додека тортилјата не порумени и кашкавалот не се растопи. Тоа е тоа, послужете ја веднаш со свеж босилок одозгора и уживајте во малку поинаква, но подеднакво вкусна пица. Дефинитивно и помалку калорична.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.