„Не познавам ниту една жена која не била злоставувана“: Познатата актерка открила низ што сè поминуваат жените денес, но и мажите

Британската актерка Кира Најтли изјавила дека при секое излегување од дома презема мерки на претпазливост за да се заштити бидејќи, како што објаснила таа, не познава жена која немала проблем со сексуално или полово злоставување.
Кира тврди дека во современото општество не постои човек кој на еден или друг начин не бил злоставуван или малтретиран, но и дека моменталната клима во меѓучовечките односи е депресивна.
Во разговор за „Harper’s Bazaar“, на прашањето дали Најтли имала непријатни искуства во текот на својата кариера, актерката дала опсежен одговор.


„Да, мислам дека сите сме имале такви искуства. И мажи и жени. Секој кој сум го запознала на еден или друг начин бил приморан да трпи малтретирање во клубови, коментари за кои не бил расположен, па до потешки случаи – закани дека некој ќе ти го пресече гркланот, ќе те убие, ќе те удри… Секој од нас бил жртва на непријатности и некој облик на злоставување“, вели Кира.
Таа во интервјуто навела дека повеќе не сака да размислува дали нешто ќе ѝ се случи туку да прави сè што е можно за да избегне непријатни ситуации.
Актерката во последните години и пред случајот со сериското злоставување од страна на Харви Вајнштајн, зборуваше за проблемите низ кои поминувале нејзините колеги и таа на снимањата.
„Снимав филм за мајчинството и прифаќање на сопственото тело и реков – извинете, но оваа тема треба да ја работи жена режисер, а не маж. По тоа имав многу проблеми со мажите режисери“, додала Најтли.
Актерката има 2 деца, Еди и Делајла, кои ги добила во бракот со музичарот Џејмс Рајтон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.