Во денешно време, најголем тренд е експериментирањето под називот „Mix&Match“. Дозволено е комбинирањето на најразлични дезени, материјали и бои без граници.
Сепак, со некои работи многу е лесно да се претера, а на врвот од таа листа се наоѓа комбинацијата од мини-здолниште и високи чизми.
За да го одбегнете вулгарниот изглед и да не оставите впечаток дека немате стил, кога ќе ги спојувате мини-здолништата со чизмите до или над колена, одбегнувајте ги следниве две комбинации?
1. Прекратко здолниште и високи чизми на превисоки потпетици.
2. Мини-здолниште и високи чизми на платформа.
Ако ги обожавате кратките здолништа, најубаво ќе изгледате ако ги искомбинирате со рамни чизми над колена, или чизми со потпетици високи до 6 сантиметри.
Ако, пак, сакате потпетиците да бидат високи, одберете модел на чизми кој нема платформа напред, стигнува до колена, а со нив носете здолниште што покрива барем половина од бутовите.
Кога станува збор за комбинирање чорапи и чизми, доколку чизмите или здолништето се црни, најдобро ќе ви одговараат хулахопки во иста боја.
Но ако здолништето (или фустанот) е во светла боја, подобро е да одберете хулахопки во боја на кожата, без разлика колку ви се темни обувките.
Топлиот џемпер-фустан и чизмите во иста боја може да изгледаат феноменално, и во тој случај исто така одберете хулахопки во неутрални бои.
Играјте си колку сакате, само не заборавајте на единствените две правила што треба да ги почитувате кога комбинирате мини-здолништа и високи чизми, бидејќи каде и да одите, сигурно не би сакале да изгледате вулгарно!