НЕОДОЛИВО ЈАДЕЊЕ ОД ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Искористете ги остатоците од празничната храна на НАЈВКУСЕН НАЧИН

Киш од варени јајца – пробајте го ова јадење и често ќе го правите
По Велигден најчесто се случува да имаме вишок бојадисани јајца, па домаќинките бараат рецепти за да ги искористат на најдобар и највкусен начин. Затоа ви носиме јадење по кое жените на социјалните мрежи „полудеа“ – киш од варени јајца, бидејќи со својот вкус ги маѓепсува сите што го пробале!

Што ви треба од состојки?
За тестото и филот:
200 гр брашно
90 гр путер
70 мл вода
5 варени јајца
1 китка млад кромид
150-200 гр шунка
За прелив:
5 јајца
200 гр кисела павлака
100 мл млеко
пармезан

Подготовка:
Најпрво исечкајте го младиот кромид кој веднаш ќе го пропржите. Во еден сад соединете ги: брашното, солта, иситнетиот путер и ладната вода. Потоа замесете тесто, па развлечете го и ставете го во тава за тарт. Потоа исечкајте ја шунката и соединете ја со пржениот кромид.
На ред дојдоа варените јајца кои треба да се исечат на прстени. Кога ќе завршите, истурете го тестото со кромидот и шунката, па наредете ги сечканите јајца. Останатите јајца изматете ги со павлаката, млекото и пармезанот, па прелијте сè. Загрејте ја рерната на 180°C и печете околу 30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.