Новиот тренд што се појави кај младите загрижи многу родители и лекари. Поради пандемијата на коронавирус и невозможноста да излезат во клубови, тие смислија нов предизвик: јадат сирово и расипано месо за да конзумираат дрога, а потоа пишуваат за тоа искуство на социјалните мрежи.
Месото го оставаат во тегла неколку недели или дури месеци и чекаат да се расипе и го консумираат само кога бојата ќе стане кафеава и сива и кога ќе се појави мувла.
„Чувам пилешко месо во тегли, го оставам во фрижидер неколку недели, а потоа го јадам. Сега ќе бидам „хај“, напишал еден корисник на Твитер.
Losing my mind over this pic.twitter.com/14B4LYBuQb
— 𝐴 𝑆𝑎𝑐𝑟𝑒𝑑 𝐿𝑎𝑛𝑑𝑠𝑙𝑖𝑑𝑒 (job disliker) (@superloafcat) April 29, 2021
„Еден пријател ме убеди да го прифатам предизвикот и чувството беше одлично, иако многумина мислат дека е лудо“, ги пофалил друг корисник.
Еден Јутјубер исто така се снимал како јаде сурово, расипано месо старо една година и го опишал вкусот како „жесток и неодолив“.
Д-р Сара Џарвис за британски „Сан“ изјавила дека трендот е многу опасен и може да предизвика бројни здравствени проблеми како што се цревни компликации, повраќање, дијареја и дехидрираност, а исто така е можно да се заразат со салмонела, листерија или бактеријата Ешерихија коли.
Научниците сè уште не успеале да утврдат што го предизвикува „хај“ чувството кај младите, но претпоставуваат дека тоа е една од опасните бактерии.