Направена како резултат на удобните трендови, првенствено во вид на патики, модните текови ја лансираа блок-потпетицата на самиот врв на светската популарност.
Тие се, на некој начин, баш како патиките – преубави потпетици со кои не мора да ја жртвувате удобноста. Бидејќи е широка, дизајнерите воведоа нов визуелен идентитет на оваа слатка потпетица, која некогаш е со ремчиња, а друг пат е облечена во текстил.
Се нудат многу модели: ги носиме од утро до вечер и токму ова е една од предностите. Што се работи за дизајн и естетика, новата сезона носи шаренило, светли тонови, нијансирање, украси и слично. Ќе прашате со што да се комбинираат.
Има голем број сугестии, но најмногу се прифаќа секојдневниот или „кежуал” стил. Имено, сандалите со блок потпетици и по некој украс највеќе одговараат со искинати фармерки. Горе е доволна и обична маичка. Од друга страна, овие убави сандали се, исто така, идеални за на подиумот или свечена пригода.
Друг предлог е широки сукња-панталони кои целосно го откриваат и нагласуваат чевелот. Блок-потпетицата е инспирирана од седумдесеттите години, само што сега дизајнот е прочистен и е поедноставен за брзото темпо на живот.