Сензорните соби на основните училишта „Лазо Трповски“, „Аврам Писевски“ и „Јан Амос Коменски“ добија нови реквизити и училишни помагала за учениците со попреченост. Денеска светот го одбележува 02. Април – Светскиот ден на свесноста за аутизмот, а овие материјали придонесуваат за полесно вклучување на лицата со аутизам во наставата, нивна поголема социјализација и директна комуникација.
Станува збор за интерактивни табли, топки и предмети со топчест облик кои овозможуваат развој на моториката кај најмладите.
Овие реквизити ги донираше организацијата „Open fun football schools – Macedonia“, која има континуирана соработка со општина Карпош.
Локалната самоуправа, оваа недела одржа и јавна дискусија за поголема вклученост на младите со попреченост. Дефектолози, педагози и родители дискутираа за намалување на бариерите во наставата.
Имено, општина Карпош во соработка со здружението „ТАКТ“ го спроведува и проектот „Спорт за развој, спорт за сите“, кој овозможува физичка активност и за учениците со попреченост, како и стекнување на вредности преку спортска игра.
Сите чинители се согласни дека физичката активност и правилната работа со учениците со попреченост придонесуваат за надминување на дел од проблемите и отстранување на пречките со кои се соочуваат во тек на воспитно – образовниот процес.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.