Доколку ви здодеа русата коса и прамените балајаж, експертите за убавина предлагаат топла нијанса
Станува збор за боја на коса која го добила името од популарната напивка на база на кофеин од најпознатиот синџир на кафетерии во светот. Нијансата е идентична со познатото „cold brew ice coffee“.
Трендот го започнала њујоршката уметница за бојадисување која на Инстаграм споделила фотографија од модел која била бринета со топли прамени. Набрзо и други познати колористи почнале да го следат нејзиниот пример.
Основата на оваа фризура се суптилни, природно позиционирани прамени во косата што имитираат кафе со млеко или крем кои циклично се вртат во неа.
Доколку ви треба поконкретен опис, дефиницијата е: потемна бринета со чоколадно-бакарно-златни сенки.