“Mule”, француските папучи без пета кои беа еден од најголемите трендови оваа година, сега добија свој редизајн кој воопшто не ѝ се допадна на модната публика.
Славната дизајнерска куќа “Bottega Veneta” претстави нов модел на популарните папучи, но наместо пофалби за иновативноста, следеле низа негативни коментари.
Чевлите кои се најавени како хит модел од колекцијата за есен 2020 година, се карактеризираат со необичен ткаен дизајн кој корисниците на интернетот го споредуваат со нудли.
Фотографијата од папучите чија цена изнесува енормни 800 фунти, заработила повеќе од 80 илјади лајкови, но и мноштво критики.
“Дали се водоотпорни?”, “Претпоставувам дека се готови за 3-4 минути”, се шегувале луѓето под објавата на Инстаграм.
Италијанскиот моден бренд е познат по дизајните во кои се застапени ткаени материјали, но дали овојпат претерал со експериментирањето, проценете сами.
Дали ви се допаѓаат овие модели на чевли?