Еден од најчестите совети за слабеење е оној: “Не јади по 18 часот”. Меѓутоа, експертот за слабеење, проф. д-р Дејна Ханс, вели дека во тоа нема ништо точно и дека слободно можете да вечерате и по 18 часот попладне.
“Не знам ни како ова “правило” се појавило”, вели д-р Ханс, диететичарка на Медицинскиот центар “UCLA Ronald Reagan” и професорка на “UCLA Fielding School of Public Health”.
Врската помеѓу времето и тежината
Некои сметаат дека храната која ја јадеме по 18 часот се складира како маснотии и дека доцните оброци секогаш се поврзани со дебелеењето. Тоа е по правило така, но не поради фактот колку е часот, туку поради изборот на храна.
“Ретко кој грицка здрав зеленчук додека навечер гледа телевизија. Ноќта е речиси секогаш резервирана за нездрави оброци како чипс, и тоа е причината за дебелеењето”, објаснува докторката. Тоа е причината поради која слабеете ако ја исфрлите вечерата од менито – тоа е затоа што сте ги исфрлиле нездравите доцни оброци.
Дека д-р Ханс е во право, покажува и истражувањето спроведено на универзитетот Бригем, кое проучувало млади мажи кои не јаделе помеѓу 19 часот навечер и 6 часот наутро. По две недели, тие изгубиле еден килограм, а потоа две недели можеле да јадат во тоа доба и добиле назад во просек 1,3 килограми.
Што да јадете навечер?
Ако сте гладни бидејќи не сте јаделе цел ден, дефинитивно посегнете по храна. Не се плашете да јадете бидејќи таа филозофија нема да “запали” кај слабеењето.
“Консумирате житарици од цело зрно и протеини во мали порции. Изедете една порција и продолжете доколку сте гладни, но направете пауза за вашиот желудник да сфати дали е гладен или не”, вели докторката.
Сепак, не дозволувајте тоа често да ви се случува. Храната е како гориво кое е важно да го “точите” во текот на целиот ден во оптимални количини.
“Вашето тело не знае колку е часот, но знае дека нема гориво. Ако јадете по 18 часот, немојте да се чувствувате лошо”, заклучува Ханс.