Овие работи мора да ги знаете пред да закажете шминка за матура… За да ви помогнеме да изгледате совршено, го направивме овој корисен водич! Претпоставуваме дека тука има сè што треба да знаете пред да седнете на столицата за шминкање.
Закажете си шминка однапред и бидете реални
Шминкерите на шала кажуваат дека постојат четири годишни времиња: пролет, лето, есен… и матура! Салоните за шминка и приватните шминкери, велат дека многу е важно доколку навреме си закажете свој термин за шминка. Дури и еден месец пред матурската вечер. За добра шминка, на професионалците потребни им се четири часа. Професионалните шминкери ги советуваат сите идни матурантки, да бидат реални и да размислат за тоа што може да се постигне за половина час.
Бидете “добри“ кон вашата кожа
Професионалците препорачуваат добра хидратација на кожата пред шминкање. Клучот, за шминката да остане што подолго на вашето лице, е добро хидратиран тен и правилно негувана кожа која ќе го спречи земањето на влага од составот на шминката. Шминкерите, исто така имаат совет за своите клиенти, да доаѓаат со чисто лице, без никакви трагови од шминка.
Запознајте се со работата на својот шминкер
Денес има многу шминкери кои ја нудат нивната услуга преку социјалните мрежи. Добро распрашајте се за умешноста на шминкерот. Погледнете на кој начин тие ја нанесуваат нивната шминка и погледнете ги нивните “дела“. Верувајте му на уметникот, но помогнете му за да ги исполни вашите очекувања. Донесете примерок од вашиот матурски фустан, или покажете му го вашиот целосен изглед. На тој начин шминкерот може да добие идеја за вашата шминка, за онаа која што најмногу би ви одговарала. Уште една добра идеја? Доколку го закажете својот термин лично, прашајте го шминкерот дали има “Инстаграм“ профил. Тоа е одличен начин да ја видите и да се запознаете со неговата работа.
Размислете за себе
Кожата изгледа многу подобро во сјај отколку во мат “обработка“. Многу од девојките сакаат контури на своето лице, а тие се посебно популарни кај славните личности, но шминкерите советуваат да не претерате со контурирање на вашето лице, затоа што со тоа ризикувате да изгледате како некој друг. Треба да останете доследни на самите себе.
Размислете за големата слика
„Доколку се покажува кожата, важно е лицето да се поврзе со останатиот дел од телото“ – вели Џејмс Боехмер.
Доколку користите тонери за нагласување на одредени делови од лицето, додајте малку од истата боја и на клучните коски, деколтето, а најмногу на рамениците. Комуницирајте со вашиот шминкер, доколку постои нешто на вашето тело кое што сакате да го покриете. Секогаш треба да кажете доколку имате некакви лузни или изгореници кои треба да се покријат.
Вештачки трепки
Денес ниту една шминка не е целосна без вештачки трепки. Проверете дали вашиот шминкер има трепки, или пак можете да си донесете сами. Уште поважно е да се уверите дека вашиот шминкер знае да ги примени. Шокантен е фактот колку од шминкерите всушност не знаат да ги стават лажните трепки.
Косата и шминката треба да се надополнуваат една со друга
Што е премногу? Шминката е како и секој друг акцесоар. Доколку носите гламурозна, светкава халина, богата фризура, накит, шминка, тоа без сомневање ќе биде премногу. Пробајте да не нагласувате сè одеднаш. Лесно е да се замислите со својот целосен изглед додека седите, но што кога ќе играте или пак ќе јадете? Многу е важно да изгледате убаво на вашата матура, но исто така најважно е да се чувствувате удобно и пријатно во тоа што го носите.
Бидете инспирирани
Кога баравме причини за најбараниот “селебрити“ изглед, Селена Гомез е популарното име. Лорде е агитација, Ријана е став и Тејлор Свифт е ретро гламур. Во сите тие изгледи кои популарните можат да ги инспирираат, професионалците имаат едно правило: бидете најдобра верзија од себеси!