Падна помирување: Анастасија се смири со свекрвата- откриен датумот на свадбата на деценијата

Наследничката на Цеца Ражнатовиќ, младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ е во четвртиот месец од бременоста, а акко што таа и нејзиниот сопруг открија во октомври ќе станат родители на девојче.

Таа и Немања Гудељ во јули ќе имаат интимна венчавка во Севиља, на која ќе присуствуваат само најблиските членови од семејството, а следната година планираат голема свадба со 500 гости. Како што се шпекулираше, мајката на Гудел, Оливера не ја поддржувала врската помеѓу фудбалерот и ќерката на Цеца, но кога дознала дека ќе стане баба, омекнала и решила да ја смири топката и да се помири со идната снаа.
-Кога Гудељ и кажа на мајка си дека ќе стане баба и дека Таша е бремена, таа почна да плаче и не можеше да поверува. Сепак, таа веднаш не ја спушти топката. Таа му честиташе на синот, но сепак остана настрана. Кога неодамна дознале дека чекаат девојче во октомври, Оливера му се јавила на синот и му рекла да организира ручек за тројца. Тој бил среќен поради тоа, а кога се сретнале се било нормално и веднаш почнале да зборуваат за доаѓањето на бебето и плановите за свадба. Анастасија сега чека да добие документи за постојан престој во Севиља каде што и ќе се породи“, вели за Папарацо.рс извор близок до ќерката на Цеца.

– Сите се пресреќни, Анастасија е супер трудница, нема никакви проблеми. Сега се гледа нејзиниот стомак, па полека размислува што ќе облече на денот на свадбата и каков фустан ќе носи. Цеца се уште не се слушнала со нејзината сваќа Оливера, но Таша и кажала дека биле на ручек и дека добро се забавувале. Се ќе биде како што треба – заклучува изворот.
-Сите сме многу среќни, Анастасија е супер, само спие малку повеќе, што е нормално. Таква бев и јас кога бев бремена со Вељко, и со неа. На почетокот имаше мачнини, но сега и тоа помина – рече фолк ѕвездата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.