Постојат најразлични начини на кои можете да ја користите солта освен во готвењето. Поради ова, солта порано била многу вреднувана, па дури и користена како валута. Прочитајте дел од нејзините алтернативни употреби и подгответе се да бидете воодушевени!
Паметни начини за користење на солта – не мислиме на готвење!
1. Чистење дамки од црвено вино во тепихот
Прво, додека дамката е сѐ уште мокра, истурете бело вино за да се избели бојата. Потоа истапкајте ја дамката со сунѓер и ладна вода. Потоа попрскајте со сол, и оставете ја 10 минути. На крај, исчистете со правосмукалка.
2. Помалку горчливо кафе
Ако пиете горко кафе, но преферирате помала горчливост ставете малку сол во него.
3. Чистење на фрижидер
Фрижидерот треба да го чистите на секои три до шест месеци за да се одбегне лошата миризба. За да ги исчистите тврдокорните дамки и лошиот мирис, измешајте половина чаша сол со две литри топла вода.
4. Исчистете ги дамките на дрвените површини
Чашите оставаат дамки од вода на дрвените површини. За да исчезнат, измешајте една лажица сол со неколку капки вода за да формирате смеса. Потоа тријте ја смесата со мека крпа сѐ додека не исчезнат дамките. За крај, поминете со средство за дрвени површини за дополнителен сјај.
5. Оживејте го сунѓерчето
Сунѓерите и крпите обично стануваат тврди после некое време. За да ги вратите во првобитната состојба, потопете ги во литар вода помешана со 30-тина грама сол. Оставете ги да отстојат цела вечер.
6. Против убоди од пчели и оси
Доколку ве касне пчела, солта е природен лек. Веднаш потопете ја површината и покријте ја со сол за да го намалите отокот.
7. Миризба во патиките
Ослободете се од лошата миризба на патиките со тоа што ќе ставите малку сол во нив.
8. Дезинфицирајте ги обетките
За да го забрзате процесот на лечење и да одбегнете инфекции, потопете ги обетките во солена вода.
9. Природно средство за чистење на устата
Оние што ги купувате во продавница содржат многу токсични хемикалии и други вештачки состојки. Токму затоа и можете да ја користите солта како природно средство за дезинфекција на устата.
10. Позелена трева
Измешајте две супени лажици сол со пет литри вода и користете го како ѓубриво. Потоа испрскајте ја тревата. Солта содржи магнезиум кој им помага на растенијата да создаваат хлорофил.
11. Без суво грло
Следниот пат кога ќе се разбудите со суво грло, измешајте чаша топла вода со малку сол и жабуркајте 30 секунди.
12. Заштитете ја градината од штетници
Пред засадување, семето измешајте го со сол, а потоа покријте го со земја. Штетниците ќе бегаат подалеку, додека растението ќе може да расте.