Патиките кои ги обожава Меган Маркл се хит на модната сцена

Францускиот моден бренд Veja, кој во 2004 година го започнаа Sébastien Kopp и François-Ghislain Morillion од самиот почеток се базира на еколошко освежување во поглед на модната сцена.
Нивните обувки се создадени од рециклирана пластика, диви гуми и органски памук и за многу краток временски период постигнаа огромен успех и станаа предмет на посакување од страна на бројни вљубеници во модата.


Ниту војвотката од Сасекс, Меган Маркл, не остана имуна на шармот на брендот Veja. Таа практично ја предводи толпата обожаватели, а има и зошто.
Чистите линии и минималистичкиот изглед се привлечни за многу купувачи, покрај еко-моментот во приказната.


Транспарентноста, фер тргувањето и еколошки прифатливите практики се само уште неколку причини зошто брендот е толку многу популарен што е навистина реткост во светот на модата, особено за производи од ваков тип.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.