Српската фолк ѕвезда Милица Павловиќ го закажа својот прв солистички концерт во „Штарк арена“ на 23 декември.
Во интервју за локалните медиуми, Милица сега истакна дека е во подготовки за концертот за кој многу и помага професионалната кореографка Хелена, со која работи уште од албумот „Посесивна“, а во меѓувреме брза да се врати од бројните настапи, меѓу кои најчеста дестинацја последниве месеци и е токму Македонија.
„Јас сум многу среќна жена, иако сум многу уморна затоа што дојдов од прекрасна свадба во Скопје. Не знам што се случи со Македонците, бидејќи последниве неколку недели пеам на две свадби во Македонија. Еве дојдов ненаспиена, но со полно срце“ – истакна пејачката.
Милица истакна дека концертот во Арена во Белград ќе ја чини многу и дека сигурно ќе го отплаќа во следните неколку години.
„Искрено, на почетокот имав желба да не пеам еден месец пред концертот, да го одморам гласот, но тоа не се случи. Тоа не значи дека нема да бидам одморена. Кога видов што е потребно за таков балкански спектакл, но според светски стандарди, само сфатив дека работата, публиката и поддршката од моите баба и дедо, мојот народ од југот на Србија, целата нација, навистина ја имам. Затоа мора да се работи за да се исплати сето тоа. Не можам да си го дозволам луксузот да не работам, бидејќи сето тоа чини многу, зашто се што е добро чини. Сето тоа ќе го плаќам во следните неколку години, но сакам срцето да ми биде полно знаејќи дека по 10 години пеење направив спектакл за мојата публика“ – рече таа.