Српскиот пејач Аца Лукас во пресрет на 8. март настапи во Белград, а по тој повод го коментираше овогодинешниот избор за „Песна на Евровизија“ кај нашиот северен сосед за тамошните медиуми и откри дали му се допаѓа песната на претставникот Лука Блек.
„Песна ? Одвратно. Сè е одвратно. Секоја чест за тоа момче, но дали тој е момче ?! Да речеме. Мислам… Со среќа, па ги праќаме на Евровизија затоа што е тоа е фестивал за такви работи. Тоа дефинитивно не е музика. Тоа се сатанистички, одвратни претстави, не знам што друго. Мислам, можеби тој и добро пее, не го слушнав затоа што спиев, нели ?“, изјавил Аца.
Да потсетиме, многу познати ѕвезди од Србија зборуваа за овогодинешната песна за Евровизија, а мислењата беа поделени. Додека на некои луѓе им се допаѓа песната, некои не предвидуваат добар пласман во Ливерпул оваа година.
Пронајдете не на следниве мрежи: