МВР информира дека вчера (2 март) околу 19.30 часот во Врапчиште, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициско одделение Галате го привеле 23-годишниот Ф.А. од Врапчиште.
„Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.“, стои во полициското соопштение.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ