Регионалниот ЦУК Битола, известува дека вчера од 10:30 часот е започнат пожар на ниска вегетација во многу непристапен карпест и каменест терен кој тешко се гасни од земја, во атарот на с.Полог (Општина Новаци). Пожарот има голем фронт и се шири во правец кон селата Скочивир, Грумази и Сливица. Во текот на денот интервенирале ТППЕ Битола со 2 пожарникара и 1 ПП возило и 9 вработени од ЈП НШ „Кајмакчалан“ Битола. Во 23.00 часот дополнително биле испратени 3 пожарникари со 1 ПП возило во с.Скочивир, додека во 04.40 часот 2 пожарникара со 1 ПП возило кај Манастирот во с.Сливица. ЈП НШ се повлекле од терен во 18:00 часот и истите ќе бидат ангажирани во раните утрински часови.
Пожарот на Илинска планина, што се простира на подрачјата на општините Демир Хисар и Охрид е под контрола и на некои места има чад во веќе опожарениот дел кој не претставува опасност. Во текот на денот на терен имало 4 вработени од ЈП НШ „Бигла“ Демир Хисар, кои во 18.00 часот се повлекле, како и 3 вработени од ЈП НШ „Галичица“ Охрид. Исто така на охридската страна, направени се заштитни појаси со машина од ЈП НШ.
Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека пожарот на планината Галичица е активен на страната према Ресен и се шири накај с.Стење (Општина Ресен). Според известувањето на ТППЕ Ресен, се слушале и експлозии од куршуми и неексплодирани средства (НУС). Во текот на денот имлао екипа од 12 лица од (НП Галичица, доброволци).
Во Општина Македонски Брод, пожарот кај с.Тажево кон с.Брезница е активен. На терен во текот на денот интервенирале ТППЕ Македонски Брод, 40 припадници на Унгарските специјални сили и 25 лица од Специјалните сили на МВР. Се интервенираше и до воздух со 1 хеликоптер и 6 „ер трактори“.
Во Општина Кичево, пожарот штона ден 07.08.2024 година започна кај с.Челопеци се прошири кон с.Бигор Доленци е активен и истиот е на тешко пристапен терен. Во текот на денот интервенирале 3 вработени во ЈП НШ „Лопушник“ Кичево и 50 војници од Армијата. Исто така во попладневните часови интервенираше и воздухоплов на Армијата.
Во Општина Струга од околу 14.10 часот, започнат е пожар на ниска вегетација кај с.Долна Белица, кој подоцна се проширил кон селата Октиси и Велешта и истиот бил излезен од контрола и проширен кон шума. Интервенирале со 3 пожарникари и 1 ПП возило, но подоцна се приклучиле и други екипи, како и месно население. Според информациите од ТППЕ пожарот е ставен под контрола околу 01:45 часот, а сеуште гори депонијата во с.Октиси, поради што во 06:30 часот испратена е екипа од ТППЕ Струга на интервенција.