Овие лазањи се прават како гулаш, сите состојки се мешаат во тенџере и се варат.
Лазањите се италијански специјалитет кој се прави така што се редат кори, сос, месо или друга состојка (во зависност од рецептот) и моцарела. На крајот сето тоа се пече во рерна, па се сервира. Денес постојат безброј верзии за ова познато јадење, а ние ви предлагаме еден наједноставен рецепт кој ќе го збогатите со спанаќ и печурки. Според овој рецепт лазањите се подготвуваат како гулаш, така што сите состојки се мешаат во едно тенџере и потоа се готват додека не омекнат. Дефинитивно треба да се проба.
Потребни состојки:
2 лажици маслиново масло
2 кромид
1 црвена пиперка
4 чешниња лук
900 гр мелено месо (по избор)
½ лажичка сол
½ лажичка бибер
10 печурки
120 мл црвено вино
1 л билјон
2 конзерви пелат (ситен)
2 лажици доматно пире
1 лажичка шеќер
1 лажица суво оригано
1 лажица сува мајчина душица
8 листови лазања
60 мл крем за готвење
100 гр беби спанаќ
100 гр чедар
50 гр пармезан
2 лажици сечкан свеж магдонос
Подготовка:Ситно сечканиот кромид пржете го додека не омекне, па додадете сечкана пиперка и толчен лук. Промешајте и оставете уште минутка, па додадете мелено месо. Посолете, побиберете и пржете додека не биде готово, повремено мешајќи. Потоа додадете сечкани печурки и сипајте црвено вино, па остравете да се динста некои 5 минути. Добро измешајте и додадете булјон, пелат, доматно пире, шеќер, оригано и мајчина душица. Оставете да проврие, па намалете ја температурата и додадете искршени листови лазања. Гответе околу 20-25 минути, повремено промешувајќи. На крајот додадете павлака за готвење и измешајте, па исклучете го шпоретот. Додадете спанаќ, па пред сервирање посипете рендан чедар и пармезан, како и магдонос
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.