Популарниот американски десерт поради кој во Њујорк се чека ред: Банана-пудинг кој ќе ве освои

Рецепт за банана пудинг со колачи сигурно ќе ве воодушеви затоа што има феноменален вкус којшто потсетува и на нашата традиција.

Во ресторанот „Ален и син“ којшто некогаш работел во Северна Каролина се служел овој десерт и тоа вообичаено во петок.
Многу едноставно се прави, а многу декоративно изгледа во три различни слоеви. Толку е неодолив и кремаст.

Состојки:

  • ½ шолји + лажица шеќер;
  • 1/3 шолја брашно;
  • 2 шолји млеко;
  • 3 јајца;
  • 1 лажица екстракт од ванила;
  • Прстофат сол;
  • 4 големи зрели банани;
  • Бисквити.

Подготовка:
Измешајте ½ шолја шеќер, брашно, млеко, жолчки, ванила и сол. Добро соединете со жица, па варете додека смесата не згусне, со постојано мешање. Изматете ги белките со шеќерот.
Во огноотпорен сад распоредете ги исечените банани, па ставете ги бисквитите, па повторно распоредете ги бананите, па бисквити и потоа ставете пудинг. Смесата прелијте ја со белките.
Печете на загреана рерна на 190 степени Целзиусови околу 10-12 минути.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.