Поучна приказна за вистинската вредност на нештата

Го извадил прстенот кој го носел на малиот прст од левата рака, му го подал на младичот и му рекол:

„Земи го коњот надвор и оди до пазарот. Треба да го продадам овој прстен, затоа што морам да вратам еден долг. Мораш да ја добиеш најдобрата можна цена за него и не прифаќај помалку од еден златник. Оди и што побрзо врати се со парите.“

Момчето го земало прстенот и отишло. Само што дошол на пазарот, почнал да го нуди прстенот на трговците кои го разгледувале со интерес додека не им кажал колку чини. Кога момчето го спомнало златникот, некои се смееле, други негодувале со главата и само еден старец бил доволно љубезен за да му објасни дека златникот е премногу вреден за да го добие во замена за прстенот. Некој сакал да помогне, па му понудил сребреник и бакарен сад, но младичот ги следел упатствата дека не треба да прифати ништо помалку од златник и ја одбил понудата.

Откако го понудил прстенот на сите кои ги сретнал на пазарот, а биле повеќе од стотина, скршен поради неуспехот, се качил на коњот и се вратил. Колку само момчето го посакувало златникот за да може да му го даде на учителот и конечно да го добие неговиот совет и помош! Влегол во собата.

„Учителе, жал ми е. Не можам да го добијам тоа што го бараш. Можеби можев да добијам два или три сребреници, но се сомневам дека ќе можам да излажам некого во врска со вистинската вредност на прстенот.“

„Тоа што го кажа е многу важно, млад пријателе. Прво мора да ја дознаеме вистинската вредност на прстенот. Повторно јавни го коњот и оди кај златарот. Кој би можел да го знае тоа подобро од него? Кажи му дека сакаш да го продадеш прстенот и прашај го колку може да ти даде за него. Но, колку и да ти нуди, немој да го продаваш. Врати се тука со прстенот.“

Младичот повторно го јавнал коњот. Златарот го прегледал прстенот со помош на ламба, го разгледал со лупа, го измерил и му рекол на момчето:

„Момче, кажи му на учителот дека ако сака веднаш да го продаде, не можам да му дадам повеќе од 58 златника за прстенот.“

„58 златника?“, извикало момчето.

„Да. Знам дека за некое време за него би можеле да добиеме и 60 златника, но ако сака веднаш да го продаде…“, одговорил златарот.

Младичот возбудено јурнал накај куќата на учителот и му раскажал што се случило.

„Седни“, му рекол учителот откако го сослушал.

„Ти си како овој прстен: Вистински бисер, вреден и единствен. И како таков, само вистински експерт може да те процени. Зошто го живееш животот посакувајќи некој неважен да ја открие твојата вистинска вредност?“

Учителот ги изговорил овие мудри зборови и повторно го ставил прстенот на малиот прст од левата рака.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.