Прекрасен гулаш со печурки и доволно сос за макање со лебот!

Состојки:

1 кг печурки
400 мл сок од домати
3 глави кромид
1 лажица мелена пиперка
1 лажичка мешавина од билни зачини
½ лажичка пиперка
1/2 лажичка сол

Подготовка:
Кромидот исечкајте го на коцки, а печурките на листови. На загреано масло продинстајте го кромидот додека да омекне, а потоа додадете ги печурките и динстајте додека да омекнат со повремено мешање. Додадете зачини и сок од домати. Варете уште 10-15 минути со повремено мешање, течноста треба да се згусне. Ако чорбата е премногу течна, додадете една лажица брашно и измешајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.