Не е толку страшно да откриете малку кожа за модни цели
Ако мислевте дека шлицот е резервиран само за настани што се случуваат во затворени простории или за високи температури, сте се излажале!
Погледот кон уличниот стил во Париз ќе ви докаже дека модерните жени од француската престолнина одлучиле да остават впечаток со еден провокативен детаљ. Станува збор за шлицот!
Шлиц што дискретно се отвора на долниот дел од здолништето, потоа шлиц што краси плетен фустан или долга припиена сукња. Овој детаљ придонесува комплетниот изглед да биде многу секси, но не и претерано провокативен и дегутантен. Ова е совршен моден детаљ за вашиот уличен стил!
Погледнете ги овие впечатливи изданија кои париските дами одлучиле да ги зачинат со провокативен шлиц…