ИБЕР, РЕКАТА ШТО ЈА РАСКАЖУВА АРИЈСКАТА ПРИКАЗНА
Оваа мапа е печатена во Лајпциг во 1706, но воглавном е базирана на Птоломеовата карта од вториот век. Wikipedia link here.
Веќе во некои претходни објави покажав дека “Albania” може да е само Латински збор за луѓето кои се нарекувале себеси Аријци и го дале името на денешен Иран (Аријан, Ариа).
Сега набрзина се префрламе на Балканот каде денеска ги имаме земјите на Србија и Албанија. Но, не само денеска, дури и во времето на Птоломеј постоело племе Албани каде што денеска е државата Албанија и градот Сербинум (Serbinum) каде што е денеска Република Српска. Со други зборови овие топоними се пресликуваат уште од зората на првиот милениум.
Многу е интересно и чудно, што ние исто така може да ја видиме реката наречена Ибар (Ibar) на Балканот. Ибар е река која тече низ Црна Гора, Србија и Косово, со вкупна должина од 276 км. Реката извира од планината Хајла, во Рожаје, источна Црна Гора, поминува низ Косово и се влева во реката Западна Морава, Централна Србија, во близина на Кралево. (Пред некоја декада целата оваа територија и припаѓала на Србија.)
Како куриозитет, јас веќе го заокружив градот Ариље (еден од многуте на Балканот). Етомологијата може да означува две работи:.
1. Градот на Аријците или
2. Белград.
Ајде сега да направиме уште еден скок, овој пат на Ибериски Полуостров во денешна Шпанија, Португалија и Андора.. Познато е дека овој полуостров го носи името поради реката Ебро, која што била нарекувана Iberos на старо Грчки и Iberus или Hiberus на Латински. Истото име повторно? Да, но дури уште почуден е фактот што дури и помеѓу Пред-Римските племиња и народи на Иберија биле племињата наречени Срби (Seurbi) и Албанци (Albiones).
Идеата дека Кралството на Иберија може да биде поврзано со Иберскиот полуостров е најмалку илјада години стара. Проминентниот Грузиски религиозен писател Горѓи Мтатсминдели (Горѓи од планината Атос) (1009–1065) напишал за желбата на одредени Грузијски благородници да патуваат на Иберскиот Полуостров и да ги посетат локалните Грузијсци од Западот, како што тој ги нарекол. Не е познато дали тие биле свесни за Балканската конекција.
Како што гледаме, истите имиња се појавуваат на три прилично одалечени места и практично во исто време. Чудна коинциднеција?
Но тие не сопираат тука. Како што гледаме, Латинскиот збор за реката Ебро била Хиберус. Латинскoto име за Ирска било Хибернија (Hibernia). Етимологијата на Хибернија е непозната, но најчесто е прифатена теоријата дека доаѓа од зборот “hiver” во превод зима. Ова дефинитивно може да се поврзе со античката легендарна земја Хипербореја-Иберборија. Некогашниот Северниот континент, добро преставен на старите мапи.
Map of Hyperborea of G. Merkator (1554), giving presentation on geography of Arctic region
The title page for the maps of Gaul
Following Mercator’s death his family prepared the Atlas for publication—in four months. It was, after all, a hoped for source of the income that was needed to support them. This work entailed supplementing the maps of the 1585 and 1589 with 28 unpublished maps of Mercator covering the northern countries, creating four maps of the continents and a world map, the printing of Mercator’s account of the creation and finally the addition of eulogies and Walter Ghim’s biography of Mercator. The title itself provides Mercator’s definition of a new meaning for the word “Atlas”: Atlas Sive Cosmographicae Meditationes de Fabrica Mundi et Fabricati Figura which may be translated as “Atlas or cosmographical meditations upon the fabric of the world and the figure of the fabrick’d, or, more colloquially, as Atlas or cosmographical meditations upon the creation of the universe, and the universe as created.” Over the years Mercator’s definition of atlas has become simply A collection of maps in a volume.
The world map of Rumold Mercator
Mercator Atlas title page
И сега е интересно ако земеме да го преведеме зборот “Ирска-Ireland” како “Земјата на Аријците”, која што преведена на Латински може да биде ”Албанија”.
Дали оваа теорија е многу присилена? Сепак не, доколку знаеме дека целиот остров на Велика Британија некогаш се нарекувал Албион-Albion / Албанија. Всушност тоа е најстарото име за Велика Британија!
Во претходните векови името Алба било поврзувано само со Шкотска. Зошто Шкотска? Бидејќи тоа било дел од островот кој што Римјаните не го освоиле. Па дали е поради тоа што луѓето кои живееле таму биле наречени Албанци од Римјаните, додека во Ирска, која што практично не била допрена од Римските легии, тие едноставно го сочувале нивното оргинално име – Арија (Ајрланд- Аријланд), име кое било исто за целото Обединето Кралство пред доаѓањето на Римјаните?
Но, кој биле овие Аријци? Со сигурност не е тоа модерната популација на Албанија, иако помал дел задржал од своите корени, како што покажавме во првиот дел. Една работа можеби ќе ја разјасни етимологијата на името Гал. Според оваа теорија, Гал исто така значи “бело“, млечно-бела да бидеме уште попрецизни, овој пат на Грчки (gala –млеко). Хеленските трговци имале контакт со Галите уште пред Римјаните, па затоа е можно подоцна да е позајмено името каде што темно-кожите Медитеранци едноставно им го дале ова име на светло-кожите луѓе од Северот. Но ова е само теорија, а не констатација.
Уште една веродостојна етимологија која што едноставно е поврзана со млекото, уште од кога знаеме за луѓето кои ги донеле лактозно толерантните гени во Европа биле првите млеко пијачи. Подетално за ова види за: Modern Europe was formed by milk-drinking Russians
Според Ирската легенда Lebor Gabála Érenn, предците на Галите примордијално ондосно прапочетно живееле на Иберскиот Полуостров. Двајца браќа, обете наречени Eibhar – Éibhear Dunn (темен) и Éibhear Finn (плав, светол), биле првите Гали што ја освоиле Ирска. Но ова не е се – истиот текст исто така го следи и нивното потекло уште пред Иберскиот Полуостров, односно до патот на Бабел и Скитискиот принц како нивен предок. Според некои истражувачи, ова се должи поради сличноста на зборовите ”Скит” и ”Скот”.
Значи Аријан, Албан и Гал може всушност да биде една те иста работа на три различни јазици. Нормално бели народи или познати од Хомер и другите антички автори како Пелазги / Белазги или уште подобро Белгијци познати помеѓу историчарите како Белги или Белгае како една од земјите на Галите.
Мапа на североисточна Галије околу 70-та година
Од српската Википедија го читаме следново:
Белги (лат. Belgae) је назив за древни народ који је пред крај металног доба живио на сјеверу античке Галије и дијеловима Британије. По њима је име добила римска провинција Белгијска Галија те модерна држава Белгија.
Поријекло Белга је предмет расправа међу историчарима, с обзиром да је Јулије Цезар у свом мемоарском спису „Commentarii de bello Gallico“ да су они били германског поријекла, док им имена сугеришу на сродност с Келтима, односно Галима. Цезар их је такође описао као „најдивљији“ од свих народа Галије, с обзиром да су били најудаљенији од римских граница и утицаја римске цивилизације. Цезар их је описао као најхрабрије од свих галских бораца. Године 57. п. н. е. је, оправдавајући то наводном завјером против римске војске у остатку Галије, против њих покренуо поход те их поразио у биткама на Аксони и Сабису. Белги су се касније прикључили Верцингеториксовој побуни, након чијег су слома коначно пацифицирани.
Истата паралела постои во Германија, луѓето наречени Венди, од германското vento – бело (како и на Англски “winter” – зима, бело). Но Вендите се Словените, и само мала популација на Вендите чија територија околу Берлин во Германија била драстично редуцирана низ вековите, се нарекувале себеси како Сорби (Sorbs) до денешни денови, на нивниот матичен јазик. Станува збор за Лужичките Срби кој успеале да преживеат секакви геноциди војни, дури и промени на идентетот и јазикот. Според многу автори зборот “Serb” бил најстариот етноним за Словените, додека денешниот и модерен поим за Словен, што опфаќа голем дел од народите познати како Словени, водел потекло поради тоа што само од едно од племињата на ова големо братство се нарекувале Словени. Па според нив биле наречени и останатите денешни народи познати под денешниот етноним како – Словени.
Што се однесува до Германија, Цезар спомнува племе наречено Eburones во Германија во своето време, во североисточниот дел на Галија.
Доколку Галите навистина имаат некои Словенски елементи преку Скитите, тоа лесно ќе ни објасни зошто името на Old Sarum во Англија било Sorbio-dunum на Латински. Или зошто Римскиот castrum на Хадријановиот ѕид, во потрага по теренот во Шкотска наречен е Vindo-landa. (Истото се однесува и за Vindo-bona, античкото име за денешниот град Виена). Исто така тоа ни објаснува зошто најважниот рид во Ирска, ридот на Тара се пресликува во Србија со планината Тара. И реката Boyne која што тече под Тара го наоѓа своето преклопување со реката Бојана. Ова се само неколку примери, но многу важни, секако има и повеќе.
Реката Бојне во Ленистер, Ирска
Реката Бојана (албански: Buna) е река која се наоѓа на границата помеѓу Црна Гора и Албанија. Извира од Скадарското Езеро и се влева во Јадранското Море. Долга е 41 километар
Па дали има и некои научни докази за ова тврдење? Да, модерната генетика ни покажува дека хаплогрупата R1 се развила во степите во Украина од каде што таа се расчленила околу Европа оставајќи го обележјето во Словенската R1a и Герамно/Келтската R1b. Лулката на оваа хаплогрупа не е далеку од Кралството на Иберија споменато на почетокот на оваа објава. Првиот бран на миграција која го досегнала Балканот е некаде околу 4200 п.н.е. , додека во Западна Европа била ”освоена” само 2 милениума подоцна.
Извор: www.eupedia.com
Доколку погледнеме на презентираните податоци на Eupedia, јасно е дека Сарматско/Словенската R1a е најдоминантна во земјите како Полкса, Украина и Русија, каде што сочинува 60% од генетскиот материјал. ” Германскиот” атрибут веројатно исто така е Словенски, и е поврзан со Сорбите или Вендите кои биле асимилирани во Германија.
На Балканот, R1a сочинува само 15-20% со Мезолитската / Тракијска I2b која се движи од 30 до 75%. Ова едноставно значи дека Балканот има повеќе културолошко влијание од Сарматите откалку генетско.
Како што за R1b, се движи околу 70% во Англија до 81% во Ирска. Забележете дека оваа хаплогрупа е исто така хаплогрупа на Хитите и Арменците (Ермените, Хермените). Единствената мистерија е зошто најдоминантната со Баските (85%) која што би требало да биде домородното и најстарото племе во Европа. Ова не е единствената работа која што не се поклопува со мејнстрим теоријата каде Баските се во прашање. Зборот “ibar” значи долина на Баскијски, кој што лесно го објаснува потеклото на Иберскиот Полуостров, но тогаш, што е случајот со Грузија?
Според официјалната историја, Европската Железна Доба била тригер од истите региони на Кавказ, грубо околу 11 век п.н.е. Сега, ние никогаш неможеме да бидеме сигурни како првите луѓе кои го ширеле генетскиот материјал се нарекувале себеси, но во овој случај на Железна Доба јас се обложувам на Аријците, што дури и самиот збор “iron” може да произлезе од етимологијата поврзана со нив. Исто така, Хитите се тие кој го земале признанието за усовршувањето на таа технологија.
Никаде во историјата не се спомнува племе наречно Индо-Европјани, нашиот најдобар кандидат за И.Е. влајание се Скитите / Сарматите, единствениот народ кој ја окупирал оваа голема географска област за долг временски период и чии номадски живот на седло (па дури и англискиот збор “saddle” значи седло – за седење и јавање) им дозволувал да покриваат толкави големи дистанци. Но како и секоја голема нација, Скитите не биле истата марка. Се чини дека помеѓу нив, постоеле две големи групи со истиот ранк, едните се Словените, представени од R1a и другата Келтско/Германската R1b. Овие две групи ја покривале цела Европа милениуми пред доаѓањето на семитите Римјани (Ромеите). Овие две струи често живееле едни покрај други, некогаш во војна а некогаш во мир.
Сарматите и Тракијците од Балканот ги здржувале своите сили во борба против Римјаните, како што е тоа случајот во битката кај Хадрианополис. Во процесот, овие Аријци останале позади имињата на нивните племиња – Срби, Хрватаи и Албанци (Аријци), помеѓу многуте други топоними.
Вреди да се спомене дека сето ова се случувало за време на астролошката епоха на Овенот (Ариец, Aries). Еден од митовите кој го одбележал овој периот е Одисејата каде што Јасен (Јасон) и неговите Аргонаути одат во потрага по златното руно, веројатно алегориска приказна е поврзана со небесната митологија. Но исто така е индикативно дека нивната дестинација била Колхида, укажувајќи на фактот дека овој мит е всушност од Аријско потекло. Ова исто така е регион каде се измислени и гајдите, денеска цврсто поврзани со Македонија, Ирска и Шкотска. Грузија (Ѓорѓија) исто така е лулка на многу богата мегалитска култура што се огледува во Ирска, додека ни остава трага од бреговите на Црното Море и Медитеранот. Агрокултурните Скити, оние кои се претпоставува дека не воделе номадски начин на живот, биле познати како Ѓорги од античките автори. Ѓорѓи е само Виазнтијски односно Ромејски превод на Јарило. Конекцијата помеѓу Св. Ѓорѓија и Старо Словенскиот бог Јарило е повеќе од јасно. Одтука е името на Аријците, Јарани, Ариљи, Јариљи па дури името на хеленското божество Арес кој се поврзува пак со Аријците но и со првиот знак од зодијакот Овенот (Аries, Аријец). Јарило е бог на плодноста, војната, вегетацијата, заштитата, топлата енергија, светлата сила, младата и свежа енергија, оној кој ја прогонува илузијата и темнината представена како змеј или змија.
Јарило (Јура, Јурај, Јежи, Јиржи или Ѓорѓе), наречен и Јаровит или Геровит, е еден од главните прасловенски богови на вегетацијата, плодноста и пролетта, а е поврзан и со војната и жетвата.
Со доаѓањето на пролетта, од другиот свет, односно од онаа страна на морето, Јарило се враќал меѓу живите, носејќи ги пролетта и плодноста во земјата. Неговото враќање се славело и во пролетните фестивали на Јурјево/Јарило кои опстојале и во подоцниот фолклор. Катичич идентификувал една клучна фраза од древните митски текстови која го опишува светото враќање на вегетацијата и плодноста преку рима (оди/роди) која опстојала во народните песни:
- …Кај што Јура/Јаре/Јарило оди, таму полето ќе роди…
Првата од боговите која го забележала враќањето на Јарило помеѓу живите била Морена, божица на смртта и природата, ќерка на Перун и сестра близначка на Јарило. Морена и Јарило се заљубувале и си се додворувале во низа традиционални и прифатени ритуали, кои словените ги имитирале во своите обичаи на додворување или при свадбите.
По доаѓањето на христијанството, можеби поради сличноста на имињата, Јарило бил поистоветуван со Св. Георгиј. Но, причината за ова поистоветување најверојатно била поради тоа што Св. Георгиј најчесто бил претставен како витез на коњ кој убива змеј, додека пак словените верувале дека Јарило наликувал на коњ и дека некое време живеел во зеленото подземје со својот очув Велес, кој бил замислен како божество кое наликува на змија или змеј. Друга причина е тоа што во некои легенди Св. Георгиј неколку пати умира и воскреснува. Но, бидејќи Јарило, како божество на вегетацијата и жетвата бил од голема важност за словенските земјоделци и селани, христијанството никогаш не го уништило овој култ. Затоа, во фолклорот на многу словенски земји, пролетните фестивали кои го славеле неговото враќање од подземјето, останале речиси исти како во паганските времиња.
Како заклучок, Римјаните еднопставно не се мачеле да направат разлика подалеку од Келт/Гал/Герман. И додека никој не спори дека Германските племиња (R1b) силно влијаеле на Запдна Европа, како што е веројатно дека и Словенското влијание е силно потценето. Некои од овие древни племиња мораат да бидат Словенски и тие играле важна улога во раната праисториска Европа. Според Марво Орбини, фамозниот Славјански- хроничар од XVI век, улогата била доволно голема за да предводи цела нација и да се идентивикуваат како Словени односно “Славни”.
Првиот дел од овој опсежен текст прочитајте го тука!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.