Реал и Панатинаикос убедливо во финалето на Евролигата


Кошаркарите на Реал Мадрид и Панатинаикос ќе играат во недела во финалето на Евролигата, откако во петокот вечерта во второто полуфинале во Берлин, реприза на финалето од минатата сезона, Реал го совлада Олимпијакос со 87:76 (28:10, 28:27, 15:21, 16:18).

Реал имаше моќен влез во натпреварот, добивајќи ја првата четвртина со 28:10. Најдобар играч на Реал на стартот беше хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња, кој постигна девет поени во воведните десет минути со шут 3 од 4 за „тројка“. Мадриѓаните одржуваа голема предност во текот на втората четвртина и на пауза заминаа со големи 56:37.

Олимпијакос не се предаде и во продолжението од дуелот полека ја намалуваше големата негатива, пред сѐ, предводен од тогаш одличниот Алек Питерс. На шест минути до крајот грчкиот тим ја намали конечно заостанува под десет поени. Сепак, клубот од Пиреја не беше ни блиску до поголем пресврт.

Џанан Муса беше прв стрелец на Реал со 20 поени, а Винсент Поарје и Гершон Јабуселе додадоа по 11 поени. Најдобар играч на Олимпијакос беше Алек Питерс со 23 поени и 10 скока, додека Шекил МекКисиќ додаде 17 со четири скока.

Кошаркарите на Панатинаикос претходно во петокот вечерта станаа првите финалисти на Евролигата, откако во полуфиналниот меч на фајналфор турнирот во Берлин, грчкиот тим го совлада турски Фенербахче со 73:57 (22:13, 16:23, 18:14, 17:7).

Натпреварот подобро го отвори Панатинаикос, кој многу брзо создаде двоцифрена предност (14:4), но малку по малку турскиот тим ја намалуваше разликата. Така Грците на пауза заминаа со минимални плус два (38:36).

Панатинаикос направи клучен чекор кон финалето на крајот на третата и почетокот на последната четвртина, кога повторно дојде до двоцифрена предност, која не ја испушти по вторпат на истиот натпревар.

Матијас Лесор беше најдобар во победничкиот тим со 17 поени и 10 скока. Кендрик Нан додаде 14 со три асистенции и четири скока, а Џеријан Грант постигна 13 поени. Првото име на Фенербахче беше Најџел Хејс-Дејвис со 14 поени.

Реал е рекордер по бројот на титули во Евролигата. Единаесет пати беше на врвот на Европа, а уште девет пати играше во финалниот меч. Олимпијакос со овој пораз останува на трите трофеи во својата историја. Во неделното финале, Панатинаикос ќе ја брка седмата европска титула. Грчкиот тим уште еднаш играше во финалето и беше поразен. Последниот трофеј го освоиа во 2011 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: