Русија и зема уште пет региони на Украина?! Американски офицер на мапата ја покажа новата воена цел на Москва!

Русија ќе окупира уште пет региони во Украина, изјави поранешниот разузнавач на американската армија Скот Ритер во интервју за каналот Јутјуб „Прашај го инспекторот“.

Русија и зема уште пет региони на Украина?! Американски офицер на мапата ја покажа новата воена цел на Москва!
  • Украина заврши. Ова е мојата нова прогноза. Овој конфликт нема да заврши додека Русија не заземе уште пет региони. Одеса, Николаев, Дњепропетровск, Харков и Суми – откри експертот.

Според него, ослободувањето на овие територии ќе се одвива паралелно со уништувањето на остатоците од украинските вооружени сили.

Самата Украина ќе се соочи со поделба во стилот на „планот Моргентау“, како и со соборување на владата на Зеленски, предвиде Ритер.

„Планот Моргентау“ е програма за повоена трансформација на Германија, која предвидуваше распарчување на земјата, префрлање на клучните производни области под меѓународна контрола и елиминација на тешката индустрија.

Планот беше предложен од американскиот министер за финансии Хенри Моргентау во септември 1944 година, но никогаш не беше целосно спроведен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.