Свинско во сос од кисело млеко

750 г свинска кртина
1кг коцки лупени компири
250 г свежи шампињони
2 главици кромид
400 г кисело млеко
200 г сирење
1 корен од целер
3-4 гранчиња свеж рузмарун
масло, сол и мелен црн пипер
Кромидот и целерот ситно исечкајте ги, и испржете ги во тава со масло. Откако ќе омекнат додадете ги коцките месо и продолжете со пржењето. Во тавата со испрженото месо додадете ги парчињата шампињони, посолете и наросете црн пипер. Промешајте и тргнете ја тавата од оган.
Компирите исечкајте ги на коцки и ставете ги во тава за печење. Врз нив нанесете го месото со шампињони и промешајте.
Киселото млеко со виљушка измешајте го со исечканите листови рузмарин и прелијте ја содржината во тавата. Печете по фолија 40 минути на 220 степени. Извадете ја тавата од рерна. Изрендајте го сирењето и печете додека зарумени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.