3 модри патлиџани
10-тина ленти чаден свински врат
10-на парчиња кашкавал
2 јајца
100 г брашно
100 г лебни трошки
100 мл масиново масло
сол и мелен црн пипер
Модриот патлиџан исечете го на кругови со дебелина од 1 см. На првиот круг модар патлиџан ставете парче кашкавал, врз него лента чаден врат и повторно парче кашкавал. Преклопете со друг круг модар патлиџанот. Секој “сендвич“ внимателно свалкајте го во брашното со сол и црн пипер , потоа во посолените и изматени јајца и на крај во лебни трошки.
Во тава за печење ставете хартија и премачкајте ја со половина од маслото. Наредете ги “сендвичите“ од модар патлиџан и попрскајте ги со преостанатото масло. Печете 10 минути на 220 степени, превртете ги на другата страна и печете уште 10 минути.